Фото: Левица
Момче од скопското село Идризово, кое неодамна со мотор удри во џипот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, им подлегнало на повредите. Трагичниот исход се случил вчера, откако 16-годишникот не успеал да се избори со последиците од тешката сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила во местото Марино, Општина Илинден, при што тешко повредени беа малолетниот возач на мотоциклот и неговата 13-годишна сопатничка. Со повреди од судирот завршиле и пратеникот Јанчев и лицето кое било со него во возилото.
Полицијата веднаш извршила увид на местото на несреќата, а околу четири часот наутро, по наредба на јавен обвинител, возачот бил приведен и лишен од слобода. Против него се сомнева дека сторил кривични дела „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик.
Од партијата на Јанчев во првичните информации посочија дека моторот со кој управувал малолетникот бил технички неисправен, без соодветно осветлување, поради што директно се забил во вратата на автомобилот.
