Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Инспектор влегол во системот и сам си ја зголемувал платата

Gladiator 29/08/2025

Фото: Принтскрин

Вработен инспектор во Министерството за внатрешни работи се најде под лупа на надлежните органи, откако Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против него. Тој е осомничен дека незаконски навлегувал во компјутерскиот систем за обработка на плати и со измени на податоците си обезбедил противправна имотна корист на штета на МВР.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР на РСМ до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против А.Ќ. вработен како самостоен инспектор-главен дежурен во ДОЦ во РЦ за ГР Исток, поради постоење основи на сомнение дека сторил  кривично дело – „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“ по член 251 став 1 и став 4 од КЗ на РСМ.

Пријавениот, според документираните сознанија од истрагата, во повеќе наврати неовластено влегувал во компјутерскиот систем кој се користи во работењето на Министерството за внатрешни работи до програмата за изработка на плати во МВР, со туѓо корисничко име, при што направил измени во системот за евиденција на работните часови и ги променил компјутерските податоци за остварени работни часови. Притоа додал невистинити податоци за исплата на платата кај самиот себе и врз основа на тие изменети податоци од страна на Министерството за внатрешни работи му се исплатени плати и придонеси за плата, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист на штета на  министерството. 

Воедно, ОВККИПС против А.Ќ. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и  отстранување од работното место, односно суспендирање до завршување на дисциплинската постапка“, соопшти МВР.

Tags: инспектор мвр полиција

Continue Reading

Previous: (Видео) Боки 13 до Лазаров: Ова е само почеток, ти реков да молчиш, ама ти повторно јадеш го*на
Next: Бранко и Самир три недели доброволно го чистат каналот до Дојранското езеро

Најново

  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

10/08/2026
Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

10/08/2026
(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

10/08/2026
(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

10/08/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.