Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Текстилната индустрија се гаси – 5.300 работници го напуштија секторот, фабриките една по една затвораат

Gladiator 14/08/2025

Текстилната индустрија во земјава доживува сериозна криза – за првите седум месеци од годинава, над 5.300 работници го напуштиле секторот. Само во Штип, во рок од три недели, се затвориле три фабрики со по околу 100 вработени, покажуваат податоците на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“.

Според нив, ова е алармантна ситуација. Причините се различни: ниски плати, лоши услови за работа, нелојална конкуренција и финансиската нестабилност на странските партнери. „Крајно време е работодавачите да преземат мерки за да ја спасат оваа традиционална индустрија“, предупредува Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“.

Од јануари до јуни годинава, од текстилниот сектор се одјавиле 5.393 лица, од кои 81% се жени, а 44% се жени над 50 години кои го поминале целиот работен век во индустријата и сега се тешко вработливи. Ампева нагласува дека е потребна интервенција на државата за регулирање на увозот и поддршка на домашното производство.

Проблемите се зголемуваат и поради тоа што само 1,7% од средствата од унгарскиот кредит завршиле кај текстилните фирми. Една од компаниите, која има сопствен бренд и производство, барала кредит од 80.000 евра за спас на 40 вработени, заложувајќи имот вреден 450.000 евра, но побарувањето било одбиено. „Кој контролира сето тоа?“, прашува Ампева.

Работодавачите се свесни за сериозноста на ситуацијата, но не се оптимисти дека некој ќе преземе мерки за спас на домашниот текстил. „Бруто платата се зголемила за 158%, а цените на услугите кои ни ги наплатуваат партнери пораснале за 77%. Ова е ситуација која не може да се покрие ниту со штедење, ниту со продуктивност“, вели Ангел Димитров од „Мода“ во Свети Николе.

Според „Гласен Текстилец“, текстилната индустрија некогаш била еден од главните двигатели на домашната економија, учествувајќи со над 10% во вкупното индустриско производство. Денес, таа се соочува со масовен одлив на работници и затворање на фабрики, што ја доведува во сериозна закана за иднината на секторот.

Tags: занает индустрија Македонија

Continue Reading

Previous: Мицкоски: Криминалот и корупцијата ќе цветаат со ова Обвинителство
Next: (ФОТО) Србија во тотален хаос – продолжуваат протестите!

Најново

  • (ВИДЕО) Трамп откри колку ќе трае војната со Иран: Ако не нападневме први, ќе го преземеа Блискиот Исток
  • (ВИДЕО) Гужви пред бензинските низ Македонија – борба до последна минута за поевтино гориво
  • Пресврт на пазарите: Цената на нафтата драстично се намали
  • (ФОТО) Потребна е помош: Да ѝ го вратиме видот за Јагода
  • Путин „трие раце“ додека Блискиот исток гори, Европа нема многу избор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Трамп откри колку ќе трае војната со Иран: Ако не нападневме први, ќе го преземеа Блискиот Исток

(ВИДЕО) Трамп откри колку ќе трае војната со Иран: Ако не нападневме први, ќе го преземеа Блискиот Исток

09/03/2026
(ВИДЕО) Гужви пред бензинските низ Македонија – борба до последна минута за поевтино гориво

(ВИДЕО) Гужви пред бензинските низ Македонија – борба до последна минута за поевтино гориво

09/03/2026
Пресврт на пазарите: Цената на нафтата драстично се намали

Пресврт на пазарите: Цената на нафтата драстично се намали

09/03/2026
(ФОТО) Потребна е помош: Да ѝ го вратиме видот за Јагода

(ФОТО) Потребна е помош: Да ѝ го вратиме видот за Јагода

09/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Трамп откри колку ќе трае војната со Иран: Ако не нападневме први, ќе го преземеа Блискиот Исток
  • (ВИДЕО) Гужви пред бензинските низ Македонија – борба до последна минута за поевтино гориво
  • Пресврт на пазарите: Цената на нафтата драстично се намали
  • (ФОТО) Потребна е помош: Да ѝ го вратиме видот за Јагода
  • Путин „трие раце“ додека Блискиот исток гори, Европа нема многу избор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.