
Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека преку Министерството за енергетика е отворен јавен повик за субвенции за сметките за електрична енергија, во вредност од 40 милиони денари. Право на финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во текот на една година, имаат лица со тешка или длабока попреченост, целосно слепи или глуви лица.
Мицкоски нагласи дека од почетокот на мандатот нема зголемување на цената на струјата за домаќинствата, за разлика од соседните земји каде поскапувањето достигнува до 30%. Според Евростат, Македонија е меѓу државите со најниски тарифи за електрична енергија во Европа.