
Фото: Принтскрин
За само половина минута, две маскирани лица извеле грабеж во продавница за мобилни телефони во скопската населба Сарај, при што одзеле вкупно 52 уреди.
Сцената од грабежот е регистрирана од безбедносните камери – видеото покажува брза и добро организирана акција.
Од Министерството за внатрешни работи вршат идентификација на разбојниците и преземаат мерки за нивно пронаоѓање.