Фото: Принтскрин
Украинските сили повторно го нападнаа Кримскиот мост во текот на ноќта, третпат во рок од неколку дена, предизвикувајќи нови проблеми за една од најважните руски транспортни врски.
По нападот, руските власти привремено го прекинаа железничкиот сообраќај, а специјализирани екипи излегоа на терен за да ја проценат штетата.
Руското Министерство за транспорт соопшти дека во нападот нема жртви, но засега не е познато колку сериозни оштетувања претрпела конструкцијата.
