Фото: Принтскрин
Делови од Петровец, Кисела Вода и Сопиште утре, 19 ноември, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Во општина Петровец, прекинот ќе трае од 8 до 15 часот. Без струја ќе бидат потрошувачите на улицата Петровец, односно на отцепот спроти трафостаницата „Ражаничино 4“. Причината за прекинот е замена на два електрични столба.
Во Кисела Вода, електрична енергија нема да има од 9 до 13 часот на улиците „Христо Татарчев 1“, „Христо Татарчев 3“, „Христо Татарчев 5“, „Христо Татарчев 7“ и „Христо Татарчев 11“.
Прекин е најавен и во општина Сопиште, каде што од 9 до 12 часот без напојување ќе бидат жителите на локалитетот Под Брег, како и населените места Горно Соње и Сопиште.
