Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Обвинение против девет полицајци: Росица пријавувала, но службениците не реагирале

Gladiator 18/11/2026

Фото: Принтскрин

Обвинителството поднесе пријави против девет полицајци, кои требало да ја заштитат Росица Коцева од убиецот Илија Стефановски.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Неизвршување на судска одлука  од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција презеде опсежни истражни дејствија со кои утврди дека обвинетите, во временскиот период од 21.02.2025 до 15.09.2025 година, со неизвршување на својата службена должност,  потешко го повредиле правата на оштетената сега почината Росица Коцева, повредувајќи го нејзиното уставно загарантираното право на живот, како и правата предвидени со чл.2 и чл.3 од Европската конвенција за човекови права.

Тие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство, непочитувајќи ги одредбите од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, Правилникот за начинот за процена на ризик од сериозна опасност по животот и  физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите од нејзиното семејство и на ризикот од повторување на насилството, Правилникот  за вршење на полициските работи и Законот за полиција.

Во услови кога биле изречени судски мерки за заштита на жртвата од семејно насилство, тие не постапувале по итните мерки за заштита. Исто така, дел од обвинетите прземајќи дејствија по пријава на оштетената, постапувајќи спротивно на изричните одредби од Законот за полиција, не  го известиле надлежниот  јавен обвинител за да добијат  понатамошни насоки за постапување, а доказите ги чувале во просториите на ООК-ОКП Велес без да поведат никаква постапка“, соопшти Обвинителството.

Tags: Велес Росица

Continue Reading

Previous: Вучиќ: Ќе се обидат да ме убијат, уапсат или лустрираат
Next: Утре делови од три општини без струја – на една локација прекинот ќе трае седум часа

Најново

  • Нов пресврт во случајот со Данка Илиќ: Обвинетите изнесоа шокантни тврдења пред судот
  • (ВИДЕО) Пожар избувна во болницата „8 септември“ во Скопје
  • (ВИДЕО) Автобус се судри со цистерна со гас – загинаа 10 лица, а 27 се повредени во Пакистан
  • Европа на нозе: Протести во повеќе од 25 држави поради скапотијата!
  • (ВИДЕО) Путин се одмазди со страшен напад врз Украина

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Нов пресврт во случајот со Данка Илиќ: Обвинетите изнесоа шокантни тврдења пред судот

Нов пресврт во случајот со Данка Илиќ: Обвинетите изнесоа шокантни тврдења пред судот

20/11/2026
(ВИДЕО) Пожар избувна во болницата „8 септември“ во Скопје

(ВИДЕО) Пожар избувна во болницата „8 септември“ во Скопје

20/11/2026
(ВИДЕО) Автобус се судри со цистерна со гас – загинаа 10 лица, а 27 се повредени во Пакистан

(ВИДЕО) Автобус се судри со цистерна со гас – загинаа 10 лица, а 27 се повредени во Пакистан

20/11/2026
Европа на нозе: Протести во повеќе од 25 држави поради скапотијата!

Европа на нозе: Протести во повеќе од 25 држави поради скапотијата!

20/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Нов пресврт во случајот со Данка Илиќ: Обвинетите изнесоа шокантни тврдења пред судот
  • (ВИДЕО) Пожар избувна во болницата „8 септември“ во Скопје
  • (ВИДЕО) Автобус се судри со цистерна со гас – загинаа 10 лица, а 27 се повредени во Пакистан
  • Европа на нозе: Протести во повеќе од 25 држави поради скапотијата!
  • (ВИДЕО) Путин се одмазди со страшен напад врз Украина

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.