Фото: Принтскрин
Александар Вучиќ кажа дека неговите политички противници во Србија би можеле да преземат радикални мерки за да го тргнат од полиитчката сцена.
„Ќе се обидат да ме убијат, уапсат или лустрираат. Кога не може да се соочите со политички противник, кој е дури и во опозиција, тогаш не може да го победите со аргументи, туку посегнувате по вакви мерки“, кажа Вучиќ.
Вучиќ најави дека нема да го одработи пратеничкиот мандат до крај зашто смета дека помладите политичари треба да преземат одговорност.
