Фото: Принтскрин
Општина Петровец и оваа година ќе додели еднократна парична помош за пензионерите со пониски примања.
Како и претходната година, така и сега, право на финансиска поддршка ќе имаат сите пензионери кои остваруваат месечна пензија во износ не повисок од 23.000 денари.
Помошта ќе изнесува 2.500 денари по корисник, а со оваа мерка општината има за цел да им помогне на пензионерите во справувањето со секојдневните трошоци.
