Фото: МВР
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице осомничено за телесна повреда, откако, според пријавата, физички ја нападнало својата девојка во нејзиниот дом.
Инцидентот се случил на 10 ноември, кога по претходна расправија осомничениот започнал да ја дави девојката, а потоа ја удирал со тупаници и шлаканици по главата и телото.
Против него се води постапка за кривично дело „Телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за определување мерка притвор. Како причина е наведено дека осомничениот, откако дознал дека е пријавен, избегал од полициска станица.
