Фото: Принтскрин
Осомничениот насилник Кристијан Корабоски, кој ја претепа девојката Сара Ѓорѓиевска нема да оди во притвор, откако Судот му одреди мерки на претпазливост.
Корабоски не смее да ѝ се приближи на Ѓорѓиевска на растојание помало од 50 метри, а исто така остана без пасош.
Надлежникот обвинител ги побарал овие мерки, кои потоа биле прифатени од Судот во Охрид.
„Кривична пријава против насилникот од Охрид, кој ја претепа неговата девојка и ѝ нанесе тешки телесни повреди
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 15.11.2026 околу 02:00 часот, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал неговата 26-годишна девојка од охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Преземени се мерки и набргу по настанот, во 05:05 часот К.К е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Додека, по барање на ОЈО, Основен суд во Охрид донесе решение и му изрече мерки на претпазливост“, соопшти МВР.
