Неверојатна приказна со среќен исход доаѓа од американската сојузна држава Јужна Каролина, каде што 11-месечното бебе Коа Шарп било пронајдено живо по речиси 24 часа поминати во кафез за кучиња, плитко затрупан во шумска област.
Момчето било оставено на грижа кај својот татко во домот на баба му, додека таа извршувала обврска. Кога пристигнал друг негувател, таткото и бебето веќе биле исчезнати.
Полицијата подоцна го пронашла таткото, но од детето немало никаква трага. Во потрагата се вклучиле повеќе од 100 припадници на спасувачките и полициските служби. Пресвртот се случил кога, во шумата во близина на семејниот дом, забележале неодамна нарушена земја. Додека копале, го слушнале плачот на малото бебе.
Бебето било пронајдено завиткано во крпа, во кафез за кучиња. Според шерифот Џеј Кун, крпата можеби помогнала да се создаде мал воздушен простор кој му овозможил на детето да преживее.
Таткото, идентификуван како Комер, се соочува со сериозни обвиненија, меѓу кои обид за убиство, незаконско постапување со дете и попречување на родителското старателство. Првично бил приведен под обвинение за провала.
Шерифот изразил надеж дека детето со текот на годините нема да се сеќава на трауматичното искуство, туку дека еден ден ќе има можност да раскажува за неверојатното преживување.
Веста ја пренесува The sun.

