Фото: Принтскрин
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави разговор со Ива Михаилова, која раскажува дека бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) ѝ поставила услов.
„Рехабилитацијата ми зависи од нив“, му кажала Ива на Цанов во снимениот разговор, кој го објави јутјуберот.
Според неговите зборови, на Михаилова ѝ било наредено да го даде првото интервју на Мартин Карбовски, иако таа претходно договорила интервју со Цанов.
Михаилова му раскажала дека од службата ѝ кажале дека мора да даде интервју за Карбовски, зашто во спротивно ќе остане без рехабилитацијата и помош од адвокати.
