Фото: Принтскрин
Австриската хуманитарна организација „СОС Балканрут“ изнесе сериозни обвинувања против хрватската полиција, тврдејќи дека нејзини припадници претепале 53 мигранти и насилно ги вратиле преку границата во Босна и Херцеговина.
Од „СОС Балканрут“ тврдат дека во акцијата учествувале околу 15 маскирани полицајци, кои физички ја нападнале групата мигранти.
Меѓу нив имало државјани на Бангладеш, Судан, Пакистан, Индија и Непал, како и три жени и две малолетни лица.
