Фото: Facebook/Бобан Стефковски
Инџиково доби нова детска градинка, но патот до изградбата не бил воопшто лесен, открива Александар Трајковски. Тој раскажа низ што морал да помине градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„КАКО СЕ ИЗГРАДИ НОВАТА ГРАДИНКА ВО ИНЏИКОВО! ДА СЕ НАПИШЕ ЗА ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ‼️
Во 2023 година на две години од првиот мандат на Бобан Стефковски како градоначалник на општина Гази Баба, веќе беше извесно дека ќе се гради детска градинка во Инџиково која беше ветена за време на изборите. Некаде во месец август, дојде пријава дека на локацијата едно лице започнало изградба на објект за кој немал дозвола. Веднаш се дадоа насоки да се делува и градбата да се запре. При првиот увид на местото, лицето поучено од безвластието на СДСМ и ДУИ кои тогаш ја имаа централната власт во Македонија, упати закани кон колегите од инспекција и кон градоначалникот Бобан Стефковски. Се сеќавам тогаш на еден од состаноците, Боби ја кажа својата решителност дека дивоградбата мора да се запре и урне, а потоа да започнеме изградба на градинка. Дојде 6 септември 2023 година, имавме утрински состанок и беше кажано дека на 7 септември, ќе има акција со поддршка од полицијата за да се урне градбата. Се подготвено и вечерта на 6 септември, доаѓа повик од власта на СДСМ и ДУИ кој бара да не се постапува. Но тоа Боби не го предомисли. На 7 септември 2023 година во 03:30 часот наутро се собравме во општина во бараката на инспекцијата и некаде во 04:00 часот веќе бевме во Инџиково. Дивоградбата се урна! Три дена по уривањето, внуците на лицето кое градеше дојдоа на паркингот каде што се паркира возилото во кое се вози градоначалникот на Гази Баба и се обидоа физички да го нападнат, а откако тоа не се случи му кажаа дека ова нема да заврши тука. Лицата беа санкционирани, изведени пред суд и правосилно осудени. Денес три години потоа, детската градинка се изгради и се пушти во употреба. Пораката е јасна, зборот се исполнува, а цената не е важна! Да се знае и запамети, за идни поколенија, како се градеше Гази Баба“, објави тој.
