Фото: Урко
Македонија освои златен медал на Европското првенство (ЕП) во кикбокс, а најзаслужен за тоа е Нелсон Узеир.
Узеир на патот кон златниот медал славеше против Ањин Алихоџиќ од БиХ, Нолан Венцин од Швајцарија и Милош Давидовиќ од Србија.
Македонската репрезентација го заврши првенството со девет медали, односно еден златен, два сребрени и шест бронзи.
