Фото: Facebook/Viktorija Varadinova
Македонските кикбоксери донесоа медали од Европското првенство во Скопје. Анастасија Јанческа и Викторија Варадинова се искачија на европскиот подиум.
Анастасија Јанческа го освои бронзениот медал во дисциплината К1, во категоријата до 48 килограми. Македонската репрезентативка во полуфиналето се соочи со Шпанката Слама Хаболуји, од која загуби со 0-3, па го заврши настапот со одличје.
Бронзен медал освои и Викторија Варадинова, која настапуваше во категоријата над 70 килограми. Таа во полуфиналната борба беше поразена од Србинката Леа Благоевиќ со 0-3, со што исто така обезбеди место на победничкиот подиум.
