Фото: Принтскрин
Страшна несреќа се случила на приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахоре, каде што 19-годишен работник го загубил животот по напад од тигар за време на снимање видео за ТикТок.
Младиот работник се здобил со тешки повреди и итно бил пренесен во приватна болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
Полицијата уапсила три лица, меѓу кои сопственикот на фармата и познатиот креатор на содржини Науман Хасан.
