Фото: Принтскрин
Првиот пациент во Русија кој го заврши третманот со персонализираната мРНК-вакцина против меланом „Неоонковак“ веќе нема откриени метастази, соопшти Александар Гинцбург, научен директор на Центарот „Гамалеја“.
Пациентот го завршил предвидениот циклус на терапија и сега е под постојан медицински надзор. Компјутерски томографии се прават секој месец, а во изминатите четири месеци не биле забележани нови туморски промени. Лекарите планираат следењето да продолжи и во наредните години.
Вакцината е персонализирана за секој пациент, врз основа на генетските карактеристики на неговиот тумор. Нејзината цел е да го насочи имунолошкиот систем да ги препознае и нападне клетките на ракот.
Повеќе детали прочитајте ТУКА.
