Фото: Принтскрин
Тешка сообраќајна несреќа се случила во близина на Дубровник, откако автомобил преминал на спротивната коловозна лента и директно удрил во камион-шлепер кој превезувал други возила.
Од силниот удар, камионот излетал од патот, а автомобилите што ги транспортирал испаднале по коловозот.
Според првичните информации, за среќа, сите учесници во несреќата ја преживеале сообраќајката и никој не се здобил со потешки повреди.
