Фото: Принтскрин
Алта Банка објави соопштение на социјалните мрежи во кое ги известува граѓаните за работа на експозитурата во Прилеп.
„Ве известуваме дека од понеделник, 16 ноември 2026 година, експозитурата на АЛТА банка АД Битола во Прилеп повторно ќе започне со работа со клиенти.
Експозитурата ќе работи во периодот од 12:00 до 16:00 часот, при што на клиентите кои имаат платежна сметка, а не поседуваат платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдените ограничувања.
Продолжуваме со активностите за постепено проширување на достапноста на банкарските услуги, за што навремено ќе ве информираме.
Ви благодариме за трпението и разбирањето“, соопштија од банката.
