Фото: GladiatorVesti.mk
Голем пожар вечерва избувна на Бит Пазар во Скопје, при што беше зафатена куќа, а на терен интервенираа екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје со шест противпожарни возила.
Според првичните информации, објектот служел како куќа и магацин, а засега останува непозната причината за пожарот.
„Во изгорената куќа живееше млад брачен пар, а повозрасните се починати. Инаку, пожарникарите дејствуваа од сите четири страни врз пожарот на старата куќа, а огнот се закануваш да ги опожари и соседните објекти, од коишто дел се буквално ‘лепенки’ до неа, како на пример, Трговскиот центар ‘Валон’“, ни изјави очевидец на пожарот.



