Фото: Принтскрин
Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, повторно ја шокираше јавноста, откако на неговиот Инстаграм-профил се појави информација дека бил киднапиран и приведен од маскирани лица. Сепак, набрзо се покажа дека станува збор за лажни тврдења, објавени како дел од снимање видео за неговиот Јутјуб-канал.
Во објавата било наведено дека Бака Прасе бил приведен околу шест часот наутро, како и дека засега не се знаело каде се наоѓа и во каква состојба е.
Случајот предизвикал реакција и кај надлежните институции. Вишото јавно обвинителство во Белград, во соработка со полицијата, ги проверило наводите за наводното приведување и поврзаноста на Илиќ со случајот со „Алта банка“.
Според информациите објавени од српските медиуми, во комуникацијата со полицијата самиот Богдан Илиќ објаснил дека информациите биле објавени затоа што снима видео кое планирал да го објави на својот Јутјуб-канал.
Повеќе детали и снимката може да ја погледнете на српски „Курир“ (ТУКА).
