Две неексплодирани минофрлачки гранати од 75 mm, заостанати од Првата светска војна, беа пронајдени при градежните работи на автопатот Битола – Прилеп, во месноста Каракли, кај с. Алинци.
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување, Ѓорѓи Стефанов, постапи согласно стандардните оперативни процедури и безбедно ги подигна гранатите, кои се складирани до нивното планско уништување.
Пред интервенцијата, локацијата беше обезбедена и детално проверена за евентуално присуство на други неексплодирани убојни средства.
Со стручна и навремена интервенција, ДЗС уште еднаш ја потврди важноста на обучените пиротехничари и професионалното постапување при пронаоѓање опасни експлозивни средства.





