Фото: Принтскрин
Синдикатите и здруженијата за станбени права од седум европски земји повикаа на протест во вторник против високите трошоци на живот. Демонстранциите се закажани за 20, 21 и 22 ноември.
По големиот број демонстрации во неколку европски земји, претставниците на шпанските, француските, италијанските, британските, португалските, грчките и белгиските организации најавија дека ќе изнесат милиони луѓе на улица.
„Во клучен момент на кризата на куповната моќ во Европа, решивме да ги координираме нашите напори за заедно да тргнеме напред“, велат од Шпанија.
Нивните главни барања се зголемувања на платите и пензиите на граѓаните.
