Фото: Принтскрин
Град Скопје ја прифатил иницијативата да се ослободат младите брачни парови од плаќање на дел од надоместокот за уредување на градежното земјиште за изградба на првата семејна куќа.
Иницијативата беше поднесена од советничката група на Левица, а со нејзино прифаќање им се олеснува товарот на младите брачни парови
Право на ова ќе имаат само парови кај кои ниту еден од сопружниците не поседува друг станбен објект.
