Шест месеци болнички денови, неизвесност и надеж дека конечно ќе дојде моментот кога ќе го однесат дома. Ова е секојдневието на шестмесечниот Михо Николовски, бебе кое уште од првите денови од животот води тешка битка со сериозни здравствени компликации.
Михо и неговата сестра близначка Мина се родиле предвреме, во седмиот месец од бременоста. И двајцата се соочиле со сепса, но нивните патишта по раѓањето тргнале во различни насоки. Мина успеала да закрепне и да замине дома, додека Михо останал под лекарски надзор поради тешка бактериска инфекција и хидроцефалус.
Неговата здравствена состојба бара постојана медицинска грижа. Главичката му е зголемена, не може самостојно да се храни, па храната ја добива преку сонда. И покрај долгото лекување и вложените напори на медицинските тимови, инфекцијата сè уште претставува сериозен проблем.
Зад оваа тешка борба стои и семејство кое секојдневно се обидува да најде сила да продолжи. Родителите се принудени да го делат времето меѓу болницата, каде што се лекува Михо, и домот, каде што ги чека неговата сестричка Мина. Наместо првите заеднички семејни моменти, тие живеат во постојана неизвесност и надеж за подобри вести.
Следната важна можност за малиот Михо е закажаниот преглед кај специјалисти во странство на 12 ноември. Семејството се надева дека таму ќе добие дополнителни мислења и насоки за продолжување на лекувањето. Но, за да се реализира сето тоа, потребни се значителни финансиски средства.
Затоа, апелот е до сите хумани граѓани кои се во можност да помогнат. Секоја донација, без разлика на износот, може да биде значајна поддршка во борбата на ова мало момче.
Михо заслужува шанса за подобро утре, за детство исполнето со љубов и за денот кога конечно ќе биде дома, прегрнат од своите родители и покрај својата сестричка близначка.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
Банка: Allianz Bank
ИБАН: BG36BUIN95611000739743
БИК: BUINBGSF
Примател: Foundation Pavel Andreev
Цел на дознака: Михо Николовски
