Фото: Принтскрин
Министерот за внатрешни работи (МВР), Панче Тошковски најави нов начин за санкционирање на несовесните возачи кои ги прекршуваат правилата.
Поради тоа што возачите научиле каде се камерите на „Сејф Сити“ и ги почитуваат правилата само на тие локации, овој систем ќе се прошири со мобилни камери поставени во полициски возила и цивилни возила.
„Сега ги научивме камерите каде се и знаеме дека каде што има камера возиме така како што треба, а каде што нема камера повторно имаме поинаков тип на управување со моторно возило“, кажа министерот.
