Фото: Принтскрин
Демократската партија оствари голема победа на меѓуизборите во САД, освојувајќи мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот.
Тоа значи дека од јануари ќе ја преземе контролата врз двата дома на американскиот Конгрес, што претставува сериозен политички удар за претседателот Доналд Трамп и Републиканската партија.
По објавувањето на првичните изборни резултати, Трамп брзо се огласи на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од капче на кое е испишан зборот „Вето“, а ова доаѓа откако американскиот претседател најави дека ќе го користи правото на вето доколку победат Демократите на конгресменските избори.
