Трагичен настан го однесе животот на 19-годишен жител на Тетово, кој бил ангажиран на работа во Италија.
Според досегашните информации објавени во медиумите на албански јазик, младото момче доживеало несреќа на работното место, при што паднало од покрив од височина од приближно седум метри.
Од здобиените повреди, за жал, починало на местото на несреќата.
Засега нема дополнителни официјални информации за точниот тек на несреќата, ниту за тоа што довело до падот. Надлежните служби треба да ги утврдат околностите под кои се случил трагичниот настан.
Телото на 19-годишникот ќе биде погребано во Тетово. Погребната церемонија е закажана за утре, по пладневната молитва.
Веста ја пренесува Newz24live.com

