Состојбата на малиот Дамјан повторно се влошува, а неговото семејство минува низ уште еден исклучително тежок период.
Новите информации што пристигнуваат од Турција се загрижувачки. Неговата здравствена состојба е сериозно нарушена, а туморот во главата достигнал големина од 3 × 1 сантиметар.
Лекарите сè уште не можат со сигурност да кажат што ќе следува. Се разгледува можноста за нова операција, како и дополнителен третман со уште две серии хемотерапија.
Покрај секојдневната борба за неговото здравје, семејството се соочува и со огромен финансиски товар. Трошоците и долговите непрекинато се зголемуваат, а секоја помош во овој момент е од огромно значење.
Можете да помогнете со донација, но и со споделување на апелот и линкот до кампањата, се вели во апелот на ECrowd.mk

