Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

БСЖ вакцината ставена на пауза: Се проверуваат сите серии во Македонија!

Gladiator 06/10/2026

Привремено се одложува вакцинацијата со БСЖ вакцината во Македонија, додека надлежните институции ги проверуваат сериите што се користат во земјава. Одлуката следува по информациите од Хрватска за појава на несакани реакции кај лица кои ја примиле вакцината.

Комисијата за имунизација при Министерството за здравство итно разгледала дали постои причина за загриженост и во Македонија. Бидејќи се работи за вакцина од истиот производител, Министерството веднаш стапило во контакт со Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД).

Од МАЛМЕД се побарани податоци за сериите на БСЖ вакцини кои моментално се употребуваат во земјава, како и информации поврзани со нивниот квалитет и безбедност.

Иако БСЖ вакцинацијата е задолжителна, а нејзината примена е особено значајна поради ризикот од туберкулоза, Комисијата одлучила привремено да ја одложи имунизацијата додека не бидат добиени сите потребни информации.

Од Министерството за здравство посочуваат дека ситуацијата со туберкулозата во земјава бара сериозен пристап. На Институтот за ТБЦ во моментов се лекуваат 95 пациенти, од кои 83 случаи се регистрирани во текот на оваа година.

Податоци има и за детската популација. Во Детската болница „Козле“ во текот на 2025 година биле регистрирани 15 случаи на туберкулоза, додека во 2026 година досега се евидентирани уште 12 нови случаи.

Одлуката за пауза со вакцинацијата, сепак, не значи дека БСЖ вакцината е прогласена за небезбедна. Надлежните прво сакаат да утврдат дали постои поврзаност меѓу сериите што се користат во Македонија и несаканите реакции пријавени во Хрватска.

Дополнително, од Министерството информираат дека во последните десет години до МАЛМЕД била доставена само една пријава за сомнеж за несакана реакција по примена БСЖ вакцина.

Пријавата била поднесена во август 2022 година и се однесувала на појава на апсцес на местото каде што била дадена вакцината. Од Министерството објаснуваат дека ваквата реакција е наведена и во упатството за употреба на БСЖ вакцината.

Следниот чекор е проверката на сериите и нивниот квалитет, по што ќе се знае дали и кога ќе продолжи имунизацијата со БСЖ вакцината во земјава.

Веста ја пренесува Skopjeinfo.mk

Tags: БСЖ вакцина серии

Continue Reading

Previous: Тешка сообраќајка на булеварот „Борис Трајковски“: Две лица завршија во болница!
Next: (ФОТО) Влажни марамчиња предизвикаа проблем со одводот во „Стив Наумов“: Само две недели по реновирањето стигна апел до студентите!

Најново

  • (ФОТО) Никола го загуби животот по речиси три месеци борба: Се разбудил од кома и ѝ се насмевнал на мајка му, а потоа следел страшен пресврт!
  • (ФОТО) Влажни марамчиња предизвикаа проблем со одводот во „Стив Наумов“: Само две недели по реновирањето стигна апел до студентите!
  • БСЖ вакцината ставена на пауза: Се проверуваат сите серии во Македонија!
  • Тешка сообраќајка на булеварот „Борис Трајковски“: Две лица завршија во болница!
  • (ВИДЕО) Гласот што ги допре сите: Велина Стаменковиќ со емотивен настап го освои „Лапа Фест“!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Никола го загуби животот по речиси три месеци борба: Се разбудил од кома и ѝ се насмевнал на мајка му, а потоа следел страшен пресврт!

(ФОТО) Никола го загуби животот по речиси три месеци борба: Се разбудил од кома и ѝ се насмевнал на мајка му, а потоа следел страшен пресврт!

06/10/2026
(ФОТО) Влажни марамчиња предизвикаа проблем со одводот во „Стив Наумов“: Само две недели по реновирањето стигна апел до студентите!

(ФОТО) Влажни марамчиња предизвикаа проблем со одводот во „Стив Наумов“: Само две недели по реновирањето стигна апел до студентите!

06/10/2026
БСЖ вакцината ставена на пауза: Се проверуваат сите серии во Македонија!

БСЖ вакцината ставена на пауза: Се проверуваат сите серии во Македонија!

06/10/2026
Тешка сообраќајка на булеварот „Борис Трајковски“: Две лица завршија во болница!

Тешка сообраќајка на булеварот „Борис Трајковски“: Две лица завршија во болница!

06/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Никола го загуби животот по речиси три месеци борба: Се разбудил од кома и ѝ се насмевнал на мајка му, а потоа следел страшен пресврт!
  • (ФОТО) Влажни марамчиња предизвикаа проблем со одводот во „Стив Наумов“: Само две недели по реновирањето стигна апел до студентите!
  • БСЖ вакцината ставена на пауза: Се проверуваат сите серии во Македонија!
  • Тешка сообраќајка на булеварот „Борис Трајковски“: Две лица завршија во болница!
  • (ВИДЕО) Гласот што ги допре сите: Велина Стаменковиќ со емотивен настап го освои „Лапа Фест“!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.