Двајца скопјани се повредени во сообраќајна незгода што утрово се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, незгодата била пријавена во 06:50 часот, а во неа учествувале товарно возило со полуприколка и два автомобили.
Во сообраќајката биле вклучени товарно возило „МАН“, управувано од 59-годишен скопјанец, автомобил „Сеат“ со кој управувал 29-годишен возач и „Фолксваген пасат“, управуван од 48-годишен скопјанец.
Повредени се возачите на „Сеатот“ и „Пасатот“. По незгодата, двајцата биле пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде што им била укажана лекарска помош.
Од МВР засега нема дополнителни информации за карактерот и сериозноста на повредите, ниту за околностите под кои дошло до судирот.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
