Убави вести пристигнуваат од Зоолошка градина Скопје – ламското семејство се зголеми со нов член.
Малата лама Панчо од денеска има сестричка, откако неговата мајка Фелиција донесе на свет уште едно здраво ламиче.
За да поминат што помирно и без стрес низ првите денови, мајката и нејзиното малечко засега се одвоени од останатите животни. Овој период им овозможува да се поврзат и новороденчето да се навикне на новата средина.
Додека Фелиција се грижи за своето малечко, вниманието кон новиот член на семејството го делат и таткото Кенди и постариот брат Панчо.
Од скопската зоолошка градина велат дека раѓањето на новото ламиче е уште една убава вест и повод за радост за посетителите и вработените.
Веста ја пренесува Skopje1.mk


