Студентите кои и во претходните академски години користеле стипендија, а ги исполнуваат условите за продолжување на ова право, од 1 октомври ќе можат да поднесат електронска апликација.
Пријавувањето ќе трае до 30 октомври 2026 година, а целата постапка се спроведува онлајн преку платформата за е-услуги на Министерството за образование и наука.
За да го продолжат користењето на стипендијата, студентите треба да приложат неколку задолжителни документи. Меѓу нив се потврда дека е запишан наредниот семестар или година, како и уверение од факултетот со податоци за положените испити.
Потребно е да се достави и УППИ образецот, односно уверение за предвидени и положени испити, кој треба да биде заверен од матичниот факултет.
Во електронската апликација студентите треба да го прикачат и индексот, почнувајќи од првиот запишан семестар, па сè до последниот заверен семестар.
Од Министерството потсетуваат дека рокот за поднесување на документите е од 1 до 30 октомври 2026 година. За сите дополнителни прашања и информации, студентите можат да се обратат преку електронската адреса што ја има објавено Министерството.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
