Фото: Принтскрин
Поранешниот генерален директор на британскиот кралски институт за одбранбени студии, Мајкл Кларк тврди дека Русија размислува за ескалација на конфликтот во следните шест месеци, но и да изврши саботажа и хибридни напади на територија на НАТО.
Според неговата проценка, рускиот претседател Владимир Путин би можел да мобилизира меѓу 300.000 и 400.000 нови војници.
Кларк тврди и дека американската известувачка служба ја разгледува можноста Русија да употреби цивилни бродови во Средоземно море за лансирање на дронови на инфраструктура во Шпанија, Франција или Италија. Овие тврдења секако не се независно потврдени.
