Фото: Принтскрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) добило пријава од 42-годишен маж кој ја згрози македонската јавност.
„На 24.09.2026 во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријави дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете“, информира МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а исто така се известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа.
