Фото: Принтскрин
Автобус денеска излетал од пат околу 13.30 часот во близина на селото Стенче, а според првичните информации во него немало патници, објави „Тетово Инфо“.
На видеото објавено на „Тетово Инфо“ може да се забежели дека заштитната ограда го спречила возилото да падне во провалија.
Повеќе детали за инцидентот се очекуваат од СВР Тетово.
