Фото: Принтскрин
Дејан Јованов – Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“ каде што избувна пожар во која загинаа 63 лица, понудил гаранција дека нема да избега, објави „Слободен Печат“.
Деко понудил имот во вредност од 200.000 евра, а одбраната со ова сака да обезбеди услови тој да биде пуштен да се брани од слобода.
Притворот на Деко треба да заврши на 3 октомври.
