Фото: Принтскрин
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите максимални малопродажни цени на горивата во Македонија. Конечните цени ќе бидат познати по официјалната пресметка на РКЕ.
Според последната одлука, која е во сила од 15 септември, Еуросупер БС-95 се продава по максимална цена од 100,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 чини 102,50 денари. Дизелот моментално е 99 денари за литар.
Дали и за колку ќе се променат цените ќе биде познато откако РКЕ ќе ја објави денешната одлука.
