Фото: Facebook/Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski
Едно лице доби парична казна од 500 евра поради тоа што создало депонија во скопската населба Кисела Вода.
„Доцна вечерва, инспекторите на Град Скопје затекнаа лице како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите во Кисела Вода, создавајќи дива депонија. Истото е веќе санкционирано.
Додека нашите екипи деноноќно работат за почист град, поединци го уништуваат сработеното и ја загадуваат околината во која сите живееме. Таквата неодговорност нема да помине без санкција!“, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
