Фото: Принтскрин
Сомнителна активност со дронови ги запре летовите на аеродром во Луксембург. Според информациите, операциите се запрени поради претпазливост.
Еден авион кој доаѓал од Лондон морал да биде пренасочен во Белгија поради затворање на аеродромот во Луксембург.
Инцидентот се случил во момент кога европските челници сè почесто предупредуваат на зголемена опасност од хибридно војување со Русија.
Полскиот премиер Доналд Таск на 17 септември кажа дека известувачките служби укажуваат на можност Русија во наредните месеци да изврши напади врз земји кои ја поддржуваат Украина.
