Вознемирувачки фотографии повторно го привлекоа вниманието на јавноста поради појавата на глодари во централното градско подрачје на Скопје.
На Фејсбук страницата „Во одбрана на Буњаковец“ се објавени фотографии на кои се гледаат мртви стаорци, а граѓани од околината тврдат дека на локацијата може да се забележат и живи глодари.
Станува збор за просторот на општинскиот паркинг кој се наоѓа меѓу Трговскиот центар Буњаковец и основното училиште „Ј. Х. Песталоци“.
Според објавата, жителите пријавуваат присуство и на стаорци и на глувци и бараат надлежните служби да преземат мерки за решавање на проблемот.
Фотографиите, според објавеното, се направени на 17 септември 2026 година.
Случајот предизвика реакции кај граѓаните, особено поради близината на училиштето и фреквентноста на просторот, па се очекува надлежните институции да извршат увид и да преземат соодветни мерки.
Веста ја пренесува Kurir.mk




