Вознемирувачка снимка која се шири на социјалните мрежи предизвика бројни реакции кај јавноста. На видеото се гледа автомобил кој се движи по патот кај Лиса Гара, на потегот кон Марчено во Пробиштип, при што прегази куче.
Снимката ја објави ТВ Стар на својата страница на Фејсбук. Според информациите што се споделуваат со видеото, кучето не го преживеало инцидентот.
Начинот на кој се одвива случката предизвика остри реакции на социјалните мрежи.
Засега, во објавата со снимката нема дополнителни информации за околностите под кои се случил настанот, ниту за тоа дали надлежните институции презеле мерки.
Видеото е вознемирувачко.
Веста ја пренесува Слободен печат.
