Несекојдневна и вознемирувачка сцена е забележана на една скопска улица, каде две деца се превезувале на коњ.
Во текот на движењето, едното од децата ненадејно ја изгубило рамнотежата и паднало директно на патот. Коњот продолжил напред, при што преминал преку детето, што предизвикало момент на вистински страв кај присутните.
Иако снимката изгледа особено потресно, според досегашните информации, детето поминало без сериозни повреди.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
