Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека претстојните парламентарни избори во Русија ќе претставуваат одговор на тие кои, според него, сакаат да ја ослабат земјата и да го нарушат нејзиниот суверенитет.
Во обраќањето пред изборите за Државната дума, Путин посочи дека граѓаните се свесни за предизвиците со кои се соочува земјата и дека учеството на изборите претставува придонес кон иднината на Русија.
„Никој нема да успее да ја распарчи земјата, да нè заплаши или да ја поткопа нашата државност и политичкиот систем“, порача Путин.
Тој додаде дека храброста на руските војници и офицери претставува пример за целото општество.
