Фото: Принтскрин
Нови цени на горивата ќе важат од полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука за промена на малопродажните цени.
Најголема промена има кај дизелот, чија цена се намалува за 2 денари по литар. За разлика од него, бензините ќе поскапат за 3,50 денари по литар.
Според новата одлука, која ќе се применува од 15 септември во 00:01 часот, цените ќе бидат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 100,50 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 102,50 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 99,00 денари за литар
- Екстра лесно масло за домаќинство – 109,50 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 48,243 денари за килограм
Од РКЕ информираат дека со пресметката се опфатени и владините мерки за намалување на даночните и акцизните давачки. Кај дизелот се применува намалена стапка на ДДВ од 10 проценти, како и пониска акциза за 4 денари по литар.
Кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, пак, акцизата е намалена за 2 денари по литар.
Промени има и кај останатите нафтени деривати. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,50 денари по литар, додека мазутот бележи зголемување од 2,242 денари за килограм.
Новата одлука претставува просечно зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од 2,86 проценти во споредба со цените утврдени на 7 септември 2026 година.
Веста ја пренесува Kurir.mk
