Фото: Принтскрин
Огромен потфат се крие зад песокот на Сахара и важи за еден од најамбициозните проекти во модерната доба. Станува збор за големата вештачка река во Либија, систем кој се протега на повеќе од 4.000 километри.
Уште на почетокот на 80-тите години на минатиот век, лидерот на Либија, Муамер Гадафи ја претставил идејата која ја нарекол „осмото светско чудо“.
Планот бил едноставен во теорија, но навистина комплициран во реалност затоа што треба да се извлече голема количина подземна вода од срцето на Сахара и да се однесе до густо населени градови.
Таа вода не е обична, туку „фосилна вода“ заробена во длабоки слоеви од времето кога Сахара била зелена и богата со вегетација, односно проценките покажуваат дека водата е стара околу 40.000 години.
