Фото: Принтскрин
Аеродромот во Вилнус бил затворен, а НАТО активирал брорбен авион откако во воздушниот простор на Литванија било забележано нешто што личи на дрон, пишува „Ројтерс“. На крајот се покажало дека станува збор само за јато на птици.
Воздушниот аларм бил укинат, а аеродромот бил отворен повторно по 38 минути, откако борбениот авион извршил контрола.
Националниот центар појаснил дека на почетните радарски отчитувања се појавиле траги кои ги оставаат птици, но и дронови, па затоа морале да активираат ловец.
